Борисов и Ердоган се согласија: Нема директна закана за Бугарија од мигрантите од Турција

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска имаше телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во кој двајцата лидери ја разгледале ситуацијата во Сирија и ситуацијата со мигрантите.

Во текот на разговорот било расчистено дека во овој момент нема директна закана за Бугарија.

Двајцата лидери се договориле во понеделник да оддржат и заедничка средба.

Борисов во разговорот забележал дека Бугарија високо го цени придонесот на Турција во прашањата со миграцијата и покажал разбирање за огромните тешкотии кои нивниот сосед ги има со години наназад со бројот на мигранти.

Премиерот Борисов е категоричен дека во оваа ситуација ниту Турција, ниту која и да било друга држава не треба да биде оставена сама да се справува со проблемот и дека треба да и се укаже поддршка.

Прочитајте и...  Нови 16 случаи на коронавирус во Албанија

Бугарскиот премиер изрази увереност дека Бугарија и Турција и во иднина ќе продолжат да работат заедно во интерес на справувањето со кризата во Сирија и за запирањето на мигрантскиот прилив и притисок.

Борисов изрази длабока жалост за загинатите турски војници во сириската провинција Идлиб. Тој подвлече дека за кризата во Сирија постои само мирно политичко решение.

За Борисов клучно е да се примени спогодбата ЕУ- Турција. Според него, од исклучително значење е Европската унија да има единствена позиција за мигрантското прашање. Тој додаде дека за денешниот телефонски разговор ќе ги информира претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, и лидерите од ЕУ и дека ќе апелира ЕУ уште посериозно да се заземе за решавањето на кризата по дипломатски пат.

Прочитајте и...  Манчевски: Ако продолжи да трае кризата во наредните неколку месеци, не само од администрацијата, туку и од многу други места ќе има намалување

Прочитај повеќе

Надминат проблемот со откупот на дебарските јагниња

Слободен печат

Лицата во изолација ќе се следат преку мобилна апликација

Слободен печат

Да не се стигматизираат лицата со попреченост како пренесувачи на заразни инфекции, велат здруженијата

Слободен печат

Кумановскиот театар продолжува со онлајн-претставите, денеска ќе ја прикаже „Раскол”

ОЈО Скопје предложи 43 граѓани да бидат казнети за непочитување на полициски час

Слободен печат

Столтенберг: НАТО ќе ја забрза испораката на помош на најпогодените сојузници од коронавирусот

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

На сметките на граѓаните ќе легнат 5,59 милиони евра поврат на ДДВ

Слободен печат

Банките ќе ги одложат ратите, ама за тој период ќе наплаќаат камати

Општина Кочани ги засилува заштитните мерки откако кај едно лице е потврден КОВИД-19

Слободен печат

Тачи: Започнаа консултациите за наредните чекори за функционализирање на институциите

Слободен печат

Родителите реагираат: Не е фер да се оценуваат учениците во кризата, кога условите не се исти за сите деца

На подрачјето на СВР Велес, од вчерашните 353 лица во самоизолција денеска бројот е намален на 185

Слободен печат