Борисов ги кани германскиот научник Угур Шахин и тимот што ја откри вакцината на „БајонТек“ да ја посетат Бугарија

Фото: EPA-EFE/Andreas Gora / POOL

Пресвртната точка во битката со ковид-19 беше создавање на вакцини. Со нивна помош, можеме да се справиме со пандемијата и да ја вратиме слободата што ни ја одзеде вирусот. Ви благодарам за надежта и можноста повторно да го имаме претходниот начин на живот, рече премиерот Бојко Борисов во телефонски разговор со професор Угур Шахин, основач на германската компанија „БајонТек“, која заедно со американската компанија „Фајзер“ ја развија една од првите вакцини против коронавирус во светот, соопшти пресслужбата на бугарската влада.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарскиот премиер Борисов истакна дека главниот предизвик денес е вакцините да бидат достапни за сите граѓани не само во Европската Унија, туку и ширум светот.

– Затоа што никој не би бил безбеден од коронавирусот се додека не бидеме заштитени сите, нагласил Борисов.

Бугарскиот премиер му честита на германскиот научник за исклучително високотехнолошкото откритие, а тоа е вакцината создадена од „БајонТек“. Борисов истакна дека се повеќе и повеќе бугарски граѓани се подготвени да бидат вакцинирани затоа што се убедени во придобивките од имунизацијата, која спасува животи. За време на разговорот, премиерот Борисов истакна дека Бугарија има долга традиција во производството на лекови и на вакцини.

Борисов ја искористи приликата да го покани германскиот научник Шахин и неговиот тим да ја посетат Бугарија и да се запознаат со активностите на „БулБио“ за производство на вакцина против ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот