БОРИС ЏОНСОН ЗАГУБИ УШТЕ ЕДНО ГЛАСАЊЕ: Пратениците не сакаат на пауза која ја предлага премиерот на Британија!

Британскиот премиер Борис Џонсон/ Фото: Архива на Слободен печат

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска повторно изгуби едно гласање во Парламентот, откако пратениците го отфрлија предлогот на Владата за пауза во законодавниот дом за да можат членовите на Конзервативната партија да присуствуваат на нивниот годишен конгрес, како што беше вообичаено претходно.

Предлогот, кој предвидуваше тридневна пауза, беше одбиен од 306 пратеници, додека 289 гласаа „за”.

Членовите на Долниот дом на Парламентот вчера  ја продолжија работата во многу напната атмосфера по пресудата на Врховниот суд дека одлуката на премиерот за прерогација на законодавниот дом е незаконска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот