Борел ги повика на вечера лидерите од Западен Балкан, чека објаснување за политичките прилики во регионот

Фото: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Високиот претставник на ЕУ Џозеп Борел очекува утре на вечера со лидерите од Западен Балкан во Брисел, да му ги презентираат своите ставови за политичката состојба и развојот во регионот изјави портпаролот на Европската комисија (ЕК) Питер Стано.

Тој така на брифинг со новинарите во ЕК го одговори на прашањето на агенцијата Бета, што точно очекува Борел да слушне од лидерите во регионот и која е неговата порака до нив, имајќи предвид дека високиот претставник на ЕУ им порача на министрите за надворешни работи на ЕУ минатата недела дека ситуацијата на Западен Балкан е „сериозен геополитички проблем“.

Самото одржување на состанокот е важно затоа што Борел оцени дека немало такви состаноци меѓу високи претставници на ЕУ и Западен Балкан, рече Стано.

Според него, ова е „логично продолжение на дискусијата што министрите за надворешни работи на ЕУ ја одржаа минатата недела за регионот, кога дискутираа од поширок стратешки и политички агол за Западен Балкан, а не само за проширувањето“.

Проширувањето е за ЕУ, но министрите за надворешни работи на Унијата, според Стано, сакале да ја разгледаат ситуацијата од поширок агол.

„Причината и целта на утрешната средба е навистина да се слушне од лидерите од Западен Балкан како тие ја гледаат политичката ситуација таму и состојбата“, рече портпаролот на медиумите на Борел.

Тој сака „да го обнови поредовното ангажирање околу значително пошироките прашања отколку самото проширување, за кое ние имаме многу почесто контакти на многу нивоа на ЕУ и партнери од Западен Балкан“.

„Тоа е целта на таа вечера и очекувањето е таквата размена на мислења да продолжи и да даде појасен импулс на сегашниот ангажман на ЕУ во однос на Западен Балкан“, заклучи Стано.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот