Борел: Дијалогот со Русија мора да продолжи

Жосеп Борел
Жосеп Борел / Фото: EPA-EFE/FREDERICK FLORIN / POOL

Европа ќе мора да коегзистира со Русија по завршувањето на конфликтот во Украина, затоа мора да се вложат сите напори за одржување на дијалогот со Москва, изјави шефот на европската дипломатија Жозеп Борел за денешното издание на францускиот „Журнал де диманш”.

– Русија ќе продолжи да постои и важно е јасно да дефинираме како мислиме да живееме со неа. Ќе биде многу тешко, но мораме да комуницираме со Русите. Неопходно е да се продолжат разговорите со Москва, изјави Борел.

Тој, исто така, укажа на важноста на отворените канали за комуникација со Русија, потсетувајќи на патувањата на австрискиот канцелар Карл Нехамер во Москва во април, како и на претседателот на Африканската унија, Маки Сал, во Сочи на почетокот на јуни.

Борел изјави дека двајца претставници на генералниот секретар на ОН се во Русија, кои се обидуваат да го решат проблемот со извозот на украинското жито.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот