Бонус уште еден месец: Италија ја продолжи исплатата на помош за работниците на принуден одмор

Најновиот декрет за помош на работниците ќе ја чини италијанската влада 25 милијарди евра.

Италијанската влада предводена од премиерот Џузепе Конте одобри на работниците кои се на принуден одмор поради економската криза предизвикана од пандемијата од корона вирусот, уште еден месец да им се исплаќа месечен бонус.

Мерката е наречена „интеграциска каса“ и за прв пат беше одобрена во март, а најновата одлука е одговор на барањата на италијанските синдикати мерката да продолжи уште четири седмици.

– Граѓаните ќе увидат дека оваа влада направи избор: за разлика од другите влади, ние не ги оставаме работниците на улица, не дозволуваме отпуштање, истакна премиерот Конте, анализирајќи ја при тоа претходната влада на Матео Ренци кој со таканаречениот „Job act“ овозможи масовно отпуштање работници.

Најновиот декрет за помош на работниците ќе ја чини италијанската влада 25 милијарди евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот