Болниците преполни, паѓа здравствениот систем – Франција третпат под целосна блокада

Сообраќај во Париз/Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

 Франција влезе во својата трета целосна блокада од почетокот на пандемијата поради зголемениот број на новозаразени со коронавирусот, јави Би-Би-Си.

Сите училишта и продавници кои не се неопходни ќе бидат затворени четири недели, а полицискиот час ќе важи од 19:00 до 06:00 часот секој ден.

Бројот на сериозно болни пациенти во одделите за интензивна нега во петокот се зголеми за 145, што е најголем скок во претходните пет месеци.

Францускиот претседател Емануел Макрон вети повеќе болнички кревети за пациентите.

Најголемата борба во Франција е во одделенијата за интензивна нега, каде што се лекуваат околу 5.000 пациенти.

Иако рестриктивните мерки стапија на сила вчера, од вторник на граѓаните ќе им треба потврда доколку планираат да патуваат на повеќе од 10 километри од нивниот дом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот