Боливијците бараат селектор преку оглас!

Боливија последен пат учествуваше на СП во 1994 година/фото: EPA-EFE/Sebastiao Moreira

Фудбалската федерација на Боливија (ФБФ) се одлучи на несекојдневен начин да бара нов селектор, преку оглас.

ФБФ на официјалните профили на социјланите мрежа објави дека оглас на кој бара нов селектор, а заинтересираните тренери ќе можат да се пријавуваат до 29 јули.

– Отворен е повик за доставување биографии за избор за нов селектор на репрезентацијата. Домашни и странски тренери можат да ги испратат своите апликации до 29 јули – стои во огласот објавен на социјалните мрежи.

Боливија остана без селектор по неуспехот во јужноамериканските квалификации за Светското првенство во Катар, кога клупата ја напушти Сезар Фаријас.

Боливија има три учества на Светските првенства, последен пат настапи на Мундијалот  во САД 1994 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот