Бојан Миовски решение за проблемите во нападот на Манчестер Јунајтед?!

Фото: miovskibojan/instagram

Македонскиот голгетер Бојан Миовски игра во фантастична форма во Абердин, а според последните информации интерес за нашиот репрезентативец покажал славниот Манчестер Јунајтед.

„Дејли Рекорд“ пренесува дека во Манчестер Јунајтед размсилуваат за ангажман на Миовски како замена за Ентони Марсијал кој се очекува да биде продаден во јануари.

Зад себе Миовски сезонава има одлични настапи за Абердин, тим каде што е најдобар стрелец со осум постигнати гола. Во текот на претходниот период како најсериозен кандидат за доведување на Миовски изгледаше Селтик.

Абердин сака да го задржи Миовски барем до крајот на сезоната, но секако дека адекватна понуда за услугите на македонскиот напаѓач може да го убеди раководството да го продаде и во јануари.

Најавите се дека Абердин е спремен да се откаже од Миовски за сума од околу 4.5 милиони евра.

Абердин не брза да го продаде македонскиот репрезентативец Бојан Миовски

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот