Бојаџиев: Инфективното одделение и дежурниот лекар ги запазиле процедурите за коронавирус кај 78-годишниот велешанец

Велешка болница / фото: Слободен печат, архива

Во случајот со 78-годишниот старец, кој на 31 март се јавил во Инфективното одделение при ЈЗУ Општа болница Велес лекарите постапиле во согласност со процедурата со коронавирус, а  му дале да потполни и  епидемиолошка анкета  и на пациентот и на неговата ќерка, во која никаде не навеле дека пациентот има симптоми за корона вирус. Потоа и врз основа на симтоматологијата и  извршениот  преглед и од страна  на дежурниот лекар од Инфективното одделение  било утврдено дека може да оди во домашна изолација со соодветна терапија со препорака штом ќе стигнат резулатите  од Корона тестот, пациентот веднаш да се јави на Инфективното одделение, вели за МИА др Божидар Бојаџиев директор на ЈЗУ Општа болница Велес.

Тој појаснува дека во информацијата која ја доставил и до Министерството за здравство, во врска со постапувањето на ЈЗУ Општа болница за лекување на 78-годишниот старец, кој побарал од нив помош  појасани дека  во вторникот на 31 март околу 16 часот од страна на дежурниот лекар на инфективното одделение во ЈЗУ Општа болница Велес бил прегледан пациент на 78-годишна возраст донесен како итен случај со возило на Итната медицинска помош, бидејќи претходно имал закажан термин од  матичен лекар во 19,20 часот.

-Пациентот бил болен 4-5 дена пред прегледот  со покачена телесна температура и кашлица со искашлување на секрет,лекуван од матичен лекар со антибиотик-парацетамол и витамини. Роднините негирале епидемиолошка поврзаност со контатки на сомнителни или заболени од корона вирусна инфекција.На денот на прегледот фамилијата забележала кај пациентот розеникав по боја искашлок и побарале да му биде земен брис од страна на епидемиоошката служба и да биде прегледан неколку часови порано од веќе закажаниот термин, информира тој.

Во моментот на преглед,пациентот бил без температура, во стабилна  општа состојба со бронхитичен наод на бели дробови поради што му е ординирана антибиотиска терапија, бронходилататорна експекторанс, витамини и даден совет за домашна изолација, како и контрола на резултатот од земениот брис.Се било уредно евидентирано-со документација, а проценка на докторот е според симптоматологијата како да постапи, информира др Бојаџиев.

Тој посочи дека е земена е епидемиолошка анамнеза и од неговата ќерка.

Инаку починатиот 78 годишен стерец ќе биде погребан утре, информираат од ЈЗУ Општа болница Велес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот