Богдановиќ се приклучи на националната акција „Стоиме заедно”

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ беше дел од националната акција „Стоиме заедно”, која е спроведена од страна на невладината организација „Банка за храна“, а се реализира со поддршка од Европската Унија во Скопје, Цивика мобилитас и ЦБФ Македонија за проектот ВСС Ефект.

Како што информираат од општина Центар, целта на проектот е подобрување на правната и институционалната рамка во Република Северна Македонија, која има цел да овозможи соодветна превенција од фрлање на храна, како и заеднички акции за намалување на гладот и сиромаштијата.

– Добрите работи се подобри кога растат и се зголемуваат. Би сакал да им честитам на нашите пријатели од „Банка за храна” за организацијата и реализацијата на најголемата национална акција за борба против сиромаштијата. Општина Центар како долгогодишен партнер и соработник продолжува и наредниот период со редовни активности за проектот „Нула Глад” во Општина Центар за најранливите категории граѓани, истакнува Богдановиќ.

Во рамки на денешната хуманитарна акција волонтираа претставници од разни здруженија, организации и институции, кои се приклучија во процесот на подготовка и пакување на 35 000 килограми прехранбени производи за 1 620 семејства, кои живеат во социјален ризик во дваесет општини во државата.

– Покрај пакетите со храна, дополнително ќе бидат обезбедени 1 620 средства за дезинфекција и 6 480 заштитни маски, кои ќе бидат дистрибуирани до крајот на месец мај, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот