Богатите држави веќе купија повеќе од половината дози од потенцијалната вакцина против ковид-19

Profimedia

Богатите нации кои претставуваа само дел од светската популација веќе купија или резервираа повеќе од половина дози од потенцијалната вакцина против ковид-19, покажува студијата на Оксфам, а американскиот претседател Доналд Трамп вети дека Американците ќе почнат да се вакцинираат веќе за неколку недели.

Големите фармацевтски компании се тркаат во производството на ефективна вакцина против новиот коронавирус кој досега во светот уби повеќе од 935.000 илјади луѓе и зарази 30 милиони.

Претседателксата на ЕК Урсула фон дер Лејен предупреди во средата „против националистичкиот пристап кон вакцината“ кој би можел да ги загрози животите на најранливите и најсиромашните нации.

Студијата која ја објави Оксфам покажува дека групата богати земји, која претставува 13 отсто од светската популација веќе обезбедила огромни дози вакцини.

„Пристапот кон спасоносната вакцина не би требало да зависи од тоа каде живееш или колку пари имаш“, рече Роберт Силверман од Оксфам Америка.

„Ковид-10 било каде  е ковид-19 секаде“.

Пет водечки кандидати за вакцини, кои се во поодминати фази од испитувањето, ќе може да произведат 5,9 милијарди дози, доволно за вакцинирање на три милијарди луѓе, се наведува во извештајот.

Околу 51 отсто од тие дози „ги зграбија“ богатите земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Европската Унија, Австралија, Хонгконг, Макао, Јапонија, Швајцарија и Израел.

Преостанатите 2,6 милијарди дози ги купија или резервираа Индија, Бангладеш, Кина, Бразил, Индонезија и Мексико.

Трамп во средата рече дека Америка би можела да има вакцини веќе следниот месец, додека главните здравствени експерти во неговата администрација тврдат дека вакцината веројатно нема да биде достапна до широката јавност пред срединат аод 2021 година.

„Многу сме блиску до добивањето вакцина“, рече Трамп.

Демократите се загрижени зошто Трамп ги притиска здравствените регулатори и научниците да ја одобрат вакцината пред претседателските избори на 3 ноември и да му помогнат да си обезбеди реизбор.

„Може да ја добиеме за неколку недели, три, четири недели“, рече во вторникот Трамп во градското собрание во Пенсилванија.

Претседателката на Европската Комисија Фон дер Лејен рече дека ЕУ ќе ги поддржи мултилатералните организации како што се СЗО во обид да се обезбеди поправедна дистрибуција на вакцината.

„Никој од нас нема да биде безбеден додека сите не сме безбедни, каде и да живееме, што и да имаме“, рече Фон дер Лејен.

“Националистичкиот пристап кон вакцината ги загрозува животите. Соработката околу вакцината ги спасува“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот