Бод за надеж за Леванте и Барди

Леванте не успеа да победи, но ги задржа шансите за опстанок во Ла Лига/ фото: EPA-EFE/Manuel Bruque

Фудбалерите на Леванте одиграа 1:1 на домашен против Еспањол во 28 коло од Ла Лига.  И покрај освоениот бод, Леванте за кого настапува македонскиот репрезентативец Енис Барди, е последен на табелата со 19 бода, пет помалку од позицијата која носи опастанок во Ла Лига.

Резултатот го отворија гостите во 59 минута преку Пуадо и тоа од единствениот удар кој заврши во рамките на голот.

Домашните фудбалери подобрата игра успеаја да ја крунисаат со гол на 10 минути до крајот на средбата и тоа да се спасат од пораз. Голот за надеж го постигна Гомез.
Барди ги одигра сите 90 минути за домашниот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот