Бочварски: Подготвени сме на дебата за законот за дивоградби

Благој Бочварски Утрински Брифинг
Благој Бочварски Утрински Брифинг/ Фото Слободен печат/ Ристе Пејовски

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска изјави дека е подготвен за дебата за законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти секаде и на секое ниво, а пред се, со пратениците.

На новинарско прашање за иницијативата од пратеничката Маја Морачанин за надзорна расправа за законот за дивоградби Бочварски порача дека законот е потребен за граѓаните. Според него, ако пратениците се подготвени да го изгласаат тоа ќе биде во ред, но доколку одбиваат да дискутират и да го изгласаат тогаш државата ќе го повлече.

-Што се однесува до Законот за бесправно изградени објекти ние сме подготвени за дебата секаде и н секое ниво со пратениците, пред се, заради тоа што сметам дека овој закон е потребен за граѓаните на нашата земја на коишто им е потребен кров над глава заради социјалниот аспект во државата и заради тоа сме подготвени да дискутираме и во Собранието и надвор од Собранието. Доколку државата е подготвена, доколку пратениците се подготвени во мнозинство да донесат ваков закон тоа ќе биде во ред, но доколку пратениците одбиваат да дискутираат и одбиваат да го изгласаат ваквиот закон тогаш државата ќе го повлече тој закон и заради тоа подготвени сме, дискутираме како и досега. Важно е да знаат граѓаните дека водиме грижа за нивните проблеми. Нивните проблеми не ги ставаме под тепих туку отворено дискутираме и така ќе продолжиме и во идниот период, изјави Бочварски, по увидот на градежните работи на делницата Крупиште-Кочани.

Бочавсрки го претстави новиот Предлог-закон за добивање правен статус на бесправно изградени објекти во декември лани. Со него ќе можат да се легализираат бесправно изградени објекти до 1 јануари 2021 година. Предвиден е скалест начин за пресметување на надоместот за легализација и тоа, за објект до 80 метри квадратни висината на надоместокот се зголемува за 50 проценти од основниот комунален трошок, а за објекти над 80 метри квадратни, тој надомест се зголемува за 100 проценти.

Надомест за легализација на бесправни објекти, според предлогот, нема да плаќаат социјално загрозените граѓани и лицата со приходи до 180 илјади денари нето годишен приход, со што се зголемува опфатот на граѓани кои се ослободени од овој надоместок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот