Блокиран булеварот пред Влада, протест на поранешните вработени на „Охис“

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Поранешните вработени од скопската фабрика „Охис“ и денеска излегоа на протест пред Владата. Дел од булеварот „Илинден“ е блокиран за сообраќај, бидејќи вработените од фабриката која е во стечај повторно го изразуваат револтот.

Тие секој вторник и петок ги потсетуваат властите дека треба да им се исплатат 24 плати и придонеси од плата за 16 месеци. Според информациите, поранешните вработени имаат неисплатени осум плати од 2008 година и 16 плати од 2012 и 2013 година. Пред три дена поранешните вработени на „Охис“ добија ветување од Владата дека во петок, односно денеска ќе имаат средба.

Очекуваат државата да им ги исплати платите бидејќи имала доминантен општетствен капитал во фабриката.

Досега, повеќепати протестираа пред надлежните институции и имаа средби со владини претставници, добивале ветувања, но ништо не е исполнето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот