Близок соработник на Навални притворен во Москва до 28 февруари

Суд во Москва денеска му одреди мерка притвор до 28 февруари на Павел Зеленски, член на Фондацијата за борба против корупција на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, под обвинение дека на Интернет поттикнувал на екстремизам, се наведува во соопштението на судот.

На Зеленски му е одреден притвор само еден ден пред планираното враќање на Навални во Русија, откако тој наводно беше отруен во август, а потоа беше префрлен на лекување во Германија.

Според шефот на Агора, групата за човекови права со седиште во Москва, Зеленски, кој работи како снимател во фондацијата Навални, бил приведен вчера.

Повикувајќи се на адвокатот на Зеленски, од Агора наведуваат дека случајот се темели на негова објава на Твитер од минатиот октомври, во која има фотографија од руската новинарка Ирина Славина. Новинарката Славина почина откако се запали пред Министерството за внатрешни работи, еден ден откако полицијата изврши претрес на нејзиниот стан.

„Нема да се откажеме и ќе му помогнеме на семејството на Паша Зеленски на секој можен начин”, на Твитер порача директорот на Фондацијата за борба против корупција, Иван Жданов, по денешното судското рочиште.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот