Блинкен: Не сакаме ескалација, но ќе продолжиме да го браниме Израел и да ги штитиме нашите сили во регионот

САД не сакаат ескалација со Иран, но ќе продолжат да го бранат Израел по иранскиот напад, изјави шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен.

„Не сакаме ескалација, но ќе продолжиме да го браниме Израел и да ги штитиме нашите сили во регионот“, рече Блинкен на почетокот на средбата во Вашингтон со ирачкиот вицепремиер Мухамед Али Тамим.

Американскиот министер го осуди иранскиот напад од огромни размери, којшто е прв директно насочен кон Израел.
Блинкен рече дека во последните 36 часа бил ангажиран во интензивна дипломатска активност за координирање на дипломатски одговор, во обид да спречи ескалација на ситуацијата на Блискиот Исток.

Шефот на американската дипломатија разговараше со колеги од Египет, Јордан, Турција, Саудиска Арабија, Велика Британија и Германија.

Заменик-премиерот на Ирак, од своја страна, изрази страв дека целиот регион може да биде вовлечен во поширок конфликт што ќе ја загрози и меѓународната безбедност.

„Затоа, ги повикуваме сите страни на воздржаност“, рече Ал Тамин.

Ирачкиот премиер Мохамад Чиа ал-Судани денеска престојува во САД, каде во Белата куќа ќе биде примен од претседателот Џозеф Бајден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот