Благоја Милевски останува селектор на македонската фудбалска А репрезентација

Фото: FFM

Официјално, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со одлука на Управниот одбор го продолжи договорот со селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски.

Предводникот на нашиот најдобар национален тим останува на селекторската функција до крајот на квалификациски циклус за пласман на Светското првенство 2026, под истите услови како и досега.

– Фудбалската федерација на Македонија, како и досега, ќе биде полна поддршка за селекторот Благоја Милевски и репрезентацијата. Се радуваме на новите предизвици и успеси. Длабоко сме убедени дека со голема страст и амбиција, селекторот и неговиот тим ќе продолжат да работат за напредок на македонскиот репрезентативен фудбал.

Изминатите неколку месеци и натпреварите кои ги одигра македонската А репрезентација ни потврдија дека заеднички сме на вистинскиот пат. Во тимот се чувствува енергија и амбиција за нови големи резултати и уверени сме дека тоа е неверојатен мотив за работата во иднина – стои во ставот на Управниот одбор на ФФМ.

Потсетување дека во квалификациите за Европското првенство во 2024 година во Германија, нашата најдобра репрезентација го освои четвртото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот