Бјелогрлиќ пред судот за нападот на режисерот Антониевиќ: Ја бранев својата чест, ме навредуваше…

драган бјелогрлиќ
Драган Бјелогрлиќ и Предраг Гага Антонијевиќ / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Српскиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ вчера пред Првиот основен суд изјави дека на 23 август минатата година во хотел во Ниш, кога го удрил режисерот Предраг Антониевиќ, ја бранел својата чест, пишуваат српски „Курир“.

– За почеток, сакам да кажам дека таа вечер ја бранев својата чест, но на погрешен начин – изјавил Бјелигрлиќ на почетокот на своето излагање.

– Згрешив што наседнав на провокациите на Предраг Антониевиќ, кои траеја речиси две години. Со глума се занимавам од 14 години, 45 години сум на јавна сцена, не можете да најдете ниту еден мој екцес. Невозможно е на 58 години, за една ноќ да станам насилник. Колку и да сум свесен за мојата грешка, не сум направил кривично дело – рекол тој.

Во текот на двочасовното излагање на својата одбрана, Бјелогрлиќ опишал дека неговиот однос со Антониевиќ бил коректен и дека дури соработувале во серијата „Убијците на мојот татко“, но дека потоа повеќе немале деловни односи. Како што навел, сè започнало во јануари 2020 година, кога Антониевиќ на медиумите им испратил писмо и мејл кои, наводно, му ги испратил Бјелогрлиќ, а во кои Антониевиќ го обвинува за „мито и корупција“.

До инцидентот во Ниш, како што изјавил, случајно се сретнале неколкупати, кога Антониевиќ го нарекувал со погрдни имиња и повторувал дека местото му е во затвор. Кобната вечер Антониевиќ, како што тврди Бјелогрлиќ, непоканет се појавил на прославата на екипата на филмот „Нечиста крв“ и неколкупати ги повторил истите навреди пред луѓето.

Катарина Радивоевиќ ме праша ‘дали Гага тебе те провоцира’, подоцна на сослушувањето, а јас знам зошто, рече дека не го кажала тоа – изјавил актерот пред судот, наведувајќи дека бил вознемирен и изнервиран, но дека со својата екипа влегол во фоајето, кога повторно ги слушна провокациите на Антониевиќ.

– Се упатив кон тоалетот, го слушнав како вели „ма п…а во затвор“, изгубив контрола, му пријдов, го прашав до кога ќе ме провоцира и му удрив шлаканица. Тој се обиде нешто со нозете, тргна со раката кон пепелник или шише, јас го фатив за раце и му зададов уште неколку удари со тупаница – изјавил Бјелогрлиќ, наведувајќи дека е сигурен дека тоа немало да се случи доколку Антониевиќ не посегнал со раката кон шишето.

– Нè разделија, отидов да си го земам палтото, а потоа се случи вториот дел од тепачката. Ме нападна, ме собори на под и ми зададе неколку удари, а потоа повторно нè разделија – додал Бјелогрлиќ.

Инаку, при излагањето на одбраната тој навел дека во неколку наврати и самиот бил сведок кога Антониевиќ на ист начин се судрил со други лица.

ВИДЕО | Познат датумот на судењето на Бјелогрлиќ поради напад на режисер: Се бара затворска казна

Врховниот касационен суд одлучи: На актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ да му се суди во Белград

Почна судењето на Драган Бјелогрлиќ за физички напад на Предраг Гага Антонијевиќ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот