Бизарен прилог на ХРТ: Девојка од Србија го научила хрватскиот јазик, а веќе оди и на јазични натпревари

Неделава на Хрватската радио телевизија беше емитуван еден навистина бизарен прилог за девојка од Србија која, верувале или не, успеала да го научи хрватскиот јазик!

– Толку добро да научите еден јазик за само три години, па дури и да одите на натпревари, е успех и за врвните лингвисти. Тоа го постигна седумнаесетгодишната Теа Лончар од Карин, која српскиот јазик го замени со хрватскиот јазик откако нејзиното семејство од Србија се пресели во Хрватска. Таа е најдобра ученичка во средното училиште во Обровац и нема намера да застане тука, се наведува во прилогот на ХРТ кој го направи новинарот Еди Шковрr.

– Бевме многу внимателни што и како зборуваме пред Теа затоа што таа го анализираше секој наш збор, рече Шковрг, со што уште еднаш ги тероризираше граѓаните на Хрватска со јазичниот пуризам воведен од владата на Фрањо Туѓман и поради кој Хрватите постојано живеат во страв да не кажат нешто погрешно, особено да не употребат некој „србизам“.

Но, дали е фасцинантно тоа што некој од Србија успеал да го „совлада хрватскиот“?

– Фасцинантно е како таа успеа да го совлада хрватскиот јазик. Сега ќе оди и на натпревар, рече класната раководителка на Теа, Ивана Шегариќ.

Во секој случај, тоа што е вистински фасцинантно е што воопшто ХРТ сними ваков прилог, а уште позабавен е фактот дека тимот којшто стои зад овој јазичен прилог не ја знае разликата меѓу дијалектите и јазиците, па дијалектот на којшто зборуваат луѓето од Крушевац се претставува како српски јазик.

Извор: Индекс.хр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот