ВИДЕО | Билјана Јуруковска: Сакам да покажам една поинаква Африка, ме фасцинира креативноста и убавината на тие луѓе

Изложбата „Африкански лица“ со фотографии на реномираната македонска фотографка Билјана Јуруковски, каде ќе бидат претставени повеќе дела создадени за време на нејзините патувања низ Африка. Ќе биде отворена на 16 јуни (среда) во Музеј на Република Северна Македонија. Посебен интерес предизвикуваат портретите на народот Сури, една од најизолираните заедници кои живеат во југозападна Етиопија.

-Љубопитноста за Африка кај мене започна уште во средината на деведесеттите години, кога видов една фотографија на дете во камп во Јужен Судан, но клучен момент за да почнам да се занимавам со фотографија на некои од најизолираните племиња во Африка, беше во 2013 година, кога во моите раце се најде книгата на светски познатиот фотограф Џими Нелсон. Уште се сеќавам на фотографијата, која ми се чини комплетно ми го смени животот, тоа бешефотографија на човек од племето Мурси, кој на главата имаше украс од рогови од некое диво животно, имаше бои на лицето, до него стоеја две деца, а во рацете држеше пушка „калашников“. Таа фотографија ми отвори милион прашања: каде се овие луѓе, дали уше постојат, во кои делови од Африка тие живеат…Тогаш почнува мојата фасцинација со различните изолирани народи кои живеат не само во Африка, туку и во други делови на светот. Тогаш решив да се занимавам со фотографија, исклучиво посветена на луѓето што живеат во изолирани од светот. Во Африка првпат се соочив со луѓе до кои модерниот свет воопшто не допрел, освен оружјето. Во моите фотографии, особено портретите на племето Сури кои живеат југозападна Етиопија, прикажувам една поинаква Африка, не онаа на бедата, сиромаштијата и големите егзодуси, сакам да ја покажам фасцинантанта убавина и креативноста на тие луѓе, нивните уметнички способности. Модерната цивилизација не допрела до нив и вреди да се види нивната сплотеност со природата – вели за Утрински брифинг, фотографката Билјана Јуруковски.

Инаку, таа живее и работи во Сиднеј, Австралија и ова е нејзина прв изложба кај нас. Во 2020 година е избрана од Фондацијата на светскиот фотограф Џими Нелсон да учествува во негов проект за документирање и истражување на домородните култури што се пред исчезнување. Нејзините фотографии се објавени во специјализирани списанија како „National Geographic“, „The Guardian“, „Lens Magazine“, „Silvershotz“, „La Fotografia“, „ArtAscent“,„Wotisart“ и други.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот