Без струја утре дел од центарот на Скопје

Струја / Фото: МИА

Заради закажани технички зафати утре од 9 до 11 часот без струја ќе бидат спомен куќата на Мајка Тереза и сувенирницата, дел од улицата „Македонија” од Рекорд кај „Choko world” до „Пеко”, како и улицата „Димитрие Чуповски” зградите бр.5 и 7.

Во овој временски период, без струја ќе бидат и зградите бр.35,37,39, сендвичарата „ Тетекс”, агенцијата „Фибула”, кафичите на тој потег, зградата бр.25, како и хотелот „Турист”.

Од 8 до 11 часот, според Регионалниот центар за управување со кризи, струја ќе немаат и сите стопански и нестопански објекти на дел од плоштадот „Македонија” кои се напојуваат од ТС Елза 2 сместена во зградата на ЕЛЕМ, зградата над ресторанот „Пелистер”, ТЦ „Амбар”, старата зграда на ЕЛЕМ…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот