Без струја денеска дел од Пинтија, а утре делови од Карпош, Добри Дол, Долно Соње и Побожје

Без струја
Струја / Фото: МИА

Поради техничките зафати во дистрибутивната електро мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од Општина Кисела Вода, а утре делови од Сопиште, Карпош и Чучер Сандево.

Како што соопштија од РЦУК-Скопје по добиеното известување од ЕВН, без струја денеска од 08:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од улиците 1515, 1513 и дел од улицата „Саса” во околината на ОУ „Рајко Жинзифов” во населбата Пинтија.

Утре пак, од 08:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Добри Дол, а од 9 до 12 часот корисниците од дел од селото Горно Соње во Општина Сопиште.

Исто така, од 09:00 до 10:30 часот утре без струја ќе бидат и објектите во околината на булеварот „Партизански Одреди” број 70, а од 09:00 до 14:00 часот, улицата „Желево” зградите 3 и 5 и улицата „Разловечко Востание” зградите 22 и 24 во Општина Карпош.

Од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од селото Побожје во Oпштина Чучер Сандево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот