Без електрична енергија утре неколку скопски општини

Без струја
Струја / Фото: МИА

Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа без електрична енергија утре ќе бидат неколку скопски општини.

Во период од  8.30 до 12.30 часот без струја ќе бидат корисниците од  зграда бр. 19 на улица Козара во општина Центар.

Од 12.30 до 15.30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од село Горно Соње, улица 11 во општина Сопиште.

Без електрична енергија во период од 9.30 до 13.00 часот ќе бидат дел од улиците Милан Марковиќ, Леринска и улица Козле, како и корисниците од дел од улица Миле Поп Јорданов и улица Јуриј Гагарин бр. 21 и 23 во општина Карпош.

Во период од 11.30 до 15.30 часот без струја ќе бидат корисниците од зграда бр 21 на улицата „Воин Драшкоци” во општина Ѓорче Петров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот