Бесими: Законот за буџет денеска е прикачен на „Енер“

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Законот за буџет денеска е прикачен на „Енер”. Секој може да се вклучи во јавната расправа. Се работи за реформски закон, усогласен со неколку европски директиви, информира денеска министерот за финансии Фатмир Бесими на состанокот со Македонската банкарска асоцијација.

Актуелната ситуација предизвикана од пандемијата со Ковид-19, според Бесими, е сериозна за што најдобар показател се БДП и јавниот долг, чии проекции се полоши во однос на финансиската криза.

– Она што е добро во целата приказна е тоа што финансискиот систем е стабилен. Тоа е една голема предност во справувањето со Ковид кризата. Во овој период кога останатите бројки се со негативен предзнак, добро е тоа што во финансискиот сектор динамиката се уште е со позитивен предзнак, рече Бесими.

Од Македонската банкарска асоцијација каде членуваат сите поголеми банки, беше посочено дека банкарскиот сектор е стабилен, со високо ниво на капитализираност и ликвидност и оти сите работат со добивка. Најавија дека ќе продолжат да соработуваат со сите засегнати страни со цел да се излезе од актуелната криза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот