Бендот „Фулиш грин“ концертно ќе го претстави новиот албум

Целовечерен концерт на бендот „Фулиш грин“ (Foolish Green) и промоција на албумот „Soul Revival“ ќе се одржи во МКЦ (Денсинг сала) на 4 мај, со почеток во 21 часот.

Групата „Фулиш грин“ повеќе од десет години е дел од локалната и европската сцена, а минатата година го објави албумот „Soul Revival“. На концертот новиот албум ќе биде изведен во живо, но ќе бидат отсвирени и голем дел од песните од претходните изданија.

Притоа ќе биде одбележан десетгодишниот јубилеј од излегувањето на првиот албум „Escape“, а како гости на концертот ќе се појават „Фанки Фреш“, диџеј Гоце и диџеј Чваре, ЛД Пистолеро и Р.О.Н.И.Н од „Легијата“, како и Рутсман од бендот „Конкверинг лајон“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 176, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 29.04.-01.05.2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот