Бела куќа: Тестирање од коронавирус на милион луѓе сместени во домовите за стари лица

Домовите за нега на стари лица и старите лица досега беа особено ранливи на вирусот. 

Белата куќа препорачува сите жители во домови за нега на стари лица во САД и персоналот да бидат тестирани за новиот коронавирус во наредните две недели.

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, кој ја предводи работната група за борба со новиот коронавирус им изјави на  гувернерите денеска во видео конференција дека федералната Влада силно препорачува да се извршат такви тестови.

Д-р Дебора Боркс, координатор на работната група, им рече на гувернерите да се фокусираат во текот на следните две недели на прегледи на сите еден милион лица сместени во такви домови. Д-р Буркс рече дека Белата куќа ќе им помогне на државите на кои тоа им е потребно.

Домовите за нега на стари лица и старите лица досега беа особено ранливи на вирусот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот