Банда инструментале „Суперхикс“ го објави синглот „Добар човек“ (ВИДЕОСПОТ)

Најновиот сингл на групата „Суперхикс“ со наслов „Добар човек“ е уште еден од неколкуте кои го најавуваат најновиот студиски албум на, како што самите се нарекуваат, Банда инструментале.

Заедно со синглот, „Суперхикс“ упатуваат апел и предлог до Министерството за здравство и до сите останати релевантни установи да се субвенционираат сите антидепресиви и релаксирачко/ смирувачки медикаменти.

„Македонија е рекордер по сите параметри за користење на антидепресиви и седативи по глава на жител, па со ова значително би им се олеснило на корисниците, а за жал ги има илјадници. Очекуваме одговор – час поскоро!“ – иронично апелираат од „Суперхикс“.

Новиот сингл „Добар човек“ е снимен во студиото „Тра-ла-ла“ на Мите Димовски со музика, текст и аранжман на „Суперхикс“. Видео анимацијата е авторско дело на младите Меланија Димоска и Александар Несторовски.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 158, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 10-11 декември 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот