Бактериите во цревата се виновни за хроничниот замор

Фото: EPA/BERND WUESTNECK

Главната причина за хроничен замор и исцрпеност би можела да лежи во цревата, поточно во вашиот измет, а не толку во „главата“, покажале резултатите на новата американска студија.

Сè повеќе луѓе во светот се јавуваат кај лекар поради хронична исцрпеност и замор, за кои лекарите сè уште не ја откриле главната причина, па се поврзува со низа проблеми, вклучувајќи ги анемијата, проблемот со надбубрежната жлезда или тироидата, хроничната ненаспиеност или фактот дека човекот е преоптоварен со обврски.

Сепак, истражувачите од Универзитетот во Корнел почнале одоздола, односно од истражувањето на столицата на луѓето кои пријавиле симптоми на хроничен замор, кој вклучува повремена депресија, болки во зглобовите, прекумерна сонливост, заборавеност, слабост и замор кои значително влијаат на способноста да се справат со секојдневните обврски и откриле дека кај 80 отсто од нив може да се утврди поинаков профил на цревни бактерии во однос на бактериите присутни во цревата на луѓето кои не се жалат на овие проблеми

Со маркерите во столицата, тие исто така ја испитувале и крвта на учесниците во студијата.

– Нашата работа покажува дека микробимот на цревни бактерии кај пациентите со синдром на хроничен замор не е нормален, што може да доведе до гастроинтестинални и воспалителни симптоми кај луѓето кои страдаат од овој синдром – вели д-р Морин Хансон, професорка по молекуларна биологија и генетика во Корнел.

Со тоа се докажува дека станува збор за синдром кој е многу реален, биолошки предизвикана болест, а не само изговор да се остане во креветот.

Кај луѓето со овој синдром, постои поголема количина на лоши бактерии во цревата и помалку од оние кои дејствуваат противвоспалително, поради што тие се повеќе подложни на воспаленија или лоша дигестија, што доведува до пад на имунитетот. Во исто време, кај тие луѓе исто така се пронајдени и некои воспалителни маркери во крвта кои укажуваат на тоа дека станува збор за луѓе кои имаат пропустливи црева, поради што бактериите полесно доспеваат во крвотокот.

Toa доведува до тоа лошите бактерии да ги истиснуваат добрите, поради што се појавува и реакција на имунолошкиот систем, што доведува до исцрпеност и други симптоми.

Решението е релативно едноставно, се сугерира во резултатите од студијата, иако научниците признаваат дека сè уште треба да се утврди како тоа функционира: со зголемениот внес на здрави бактерии преку храна или пробиотички адитиви може да го зголеми нивото на енергија. Меѓу препораките е и онаа дека барем еден оброк дневно да содржи кефир, или некој додаток со пробиотици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот