Бајден: Убиството на Флојд – пресвртница во американската историја

Џо Бајден

Приватниот погреб на Џорџ Флојд ќе биде во Хјустон, подоцна во текот на денот.

Кандидатот за претседател на демократите во САД, Џо Бајден изјави дека убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, од страна на бел полицаец, ќе го смени светот.

– Мислам дека она што тука се случи  е една од најголемите пресвртници во американската историја, реално, во однос на граѓанските слободи, граѓанските права и праведен третман на луѓето, рече Бајден по приватната средба со семејството на Флојд во Хјустон, Тексас, каде изрази сочувство, пренесува Би Би Си.

Бајден остро го критикуваше претседателот Доналд Трамп, кој се кандидира за втор претседателски мандат, обвинувајќи го дека во текот на викендот давал „очајни” шпекулативни коментари за Флојд.

Приватниот погреб на Џорџ Флојд ќе биде во Хјустон, подоцна во текот на денот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот