Бајден одобри огромен проект за дупчење за нафта на Аљаска, екологистите разочарани

Архива

Американскиот претседател Џо Бајден денес го одобри огромниот проект за дупчење нафта „Вилоу“ во Алјаска, одлука што наиде на брза осуда од еколозите, кои велат дека тоа го поткопува неговото ветување да ја придвижи земјата кон производство на обновлива енергија.

Како што пренесе „Гласот на Америка“, одлуката дојде еден ден откако администрацијата на Бајден се заложи за зачувување на заштитеното подрачје во регионот, забранувајќи или ограничувајќи го дупчењето во други области на сојузната држава и Арктичкиот Океан.

Двајцата републикански сенатори од Алјаска, Лиза Мурковски и Ден Саливан го пофалија одобрувањето на проектот. Операцијата би можела да произведе до 180.000 барели нафта дневно, а истовремено да создаде 2.500 работни места за време на изградбата и 300 долгорочни работни места.

Екологистите кои долго време се бореа против проектот, за кој патот го отворија низа закони изменети во времето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, ја осудија одлуката на Бајден и се обидуваат да ја блокираат со правна постапка.

„Ние сме премногу доцна во климатската криза за да одобриме огромни проекти за нафта и гас кои директно ја поткопуваат новата чиста економија на која администрацијата на Бајден се обврза да ја унапреди“, рече претседателката на „Earthjustice“, Абигејл Дилен.

„Знаеме дека претседателот Бајден ја разбира егзистенцијалната закана од климата, но тој одобрува проект што ги попречува неговите сопствени климатски цели“, рече Дилен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот