Бачелет пристигна во Кина, фокусирајќи се на наводите за кршење на човековите права во Синџијанг

Мишел Башелет/ Фото EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

Мишел Бачелет пристигна денеска во Кина и тоа е прва посета на висок претставник на ОН за човекови права на таа држава во изминатите 17 години. Фокусот е на кинескиот регион Синџијанг со мнозинско Ујгурско население.

Бачелет ќе го посети северозападниот кинески регион Синџијанг, каде што стотици илјади муслимански Ујгури и припадници на други малцинства се во кампови, предупредуваат групите за човекови права.

Посетата е придружена со критики за Бачелет, големи очекувања и апели од групите за човекови права.

Владата на САД соопшти дека е „длабоко загрижена” што Кина може да го ограничи пристапот до омбудсманот за човекови права, што е неопходно за Бачелет да може самостојно да ја процени ситуацијата.

– Молкот на високиот комесар пред несоборливите докази за злосторствата во Синџијанг и други прекршувања на човековите права низ Кина е длабоко загрижувачки, особено затоа што таа е и треба да биде водечкиот глас на ОН за човековите права, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот