Бабиќ: Верувам во позитивен резултат иако Ним лесно не победи во Битола

Жељко Бабиќ верува во успех против Нексе во Лигата на Европа/ фото: РК Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре со гостувањето кај Ним ги продолжуваат настапите во Лигата на Европа. Битолчани во досегашните шест натпревари имаат само еден пораз, тој на стартот од сезоната токму од Ним.

Тренерот Жељко Бабиќ смета дека натпреварите во СЕХА лигата и во домашната Суперлига, беа добредојдени пред натпреварот со францускиот тим.

– Сигурно дека добродојдени беа натпреварите што ги игравме месецов. Еден од проблемите е што не бевме комплетни. Сепак, во секој случај добро е што игравме и тоа ќе ни помогне против Ним. Тие се физички силна екипа, играат доста „еден на еден“ и многу трчаат. Ние можеби го одигравме најлошиот натпревар против нив во првиот дел на Лигата на Европа. Со една таква моќна екипа ние немавме шанси и мислам дека ќе биде овојпат поинаку. Ние сме ментално многу цврсти, спремни и имаме наши шанси.

Сепак, мора да бидеме спремни да играме 60 минути, да бидеме тактички дисциплинирани, фокусирани на задачите, да бидеме цврсти во дуелите и да не заборавиме кои се нивните карактеристики. Сакаме и верувам дека можеме да извлечеме позитивен резултат. Ним е многу цврста екипа, игра „еден на еден“ и во одбрана и во напад. Имаат одлична транзиција, контра од страна на десното крило и одличен голман, кој форсира контранапади.

Лесно нè победија во Битола, но потоа се мачеа во групата. Но, тоа се случува кога противниците престанаа да играат кога тие поведоа со 4-5 разлика. Моите играчи знаат дека многу важно е да продолжат да играат ако се случи резултатски пад. Резултатски пад е дозволен, но ментален и тактички пад не смее да ни се случи. Оние кои тоа го задржаа, тој ритам на играње, тие на крајот го стигнаа Ним и играа тесни натпревари до крајот. Тоа што имаме добра залиха, не е плус за екипата. Добро е за клубот и за нашата иднина, но екипата поинаку размислува. Во потсвеста екипата знае дека направи голем дел од работата, но тоа не смее да биде крај. Јас имам обврска да ги натерам да размислуваат за следниот натпревар, а не она што се случувало во минатото. Еурофарм Пелистер ментално е цврст, со силен фокус, и без разлика на постигнатото, ние имаме уште многу да играме. Треба да играме за титули и да оствариме добра позиција во групата… Добро е што остваривме големи работи во Лигата на Европа, но сега треба да играме за тоа за што дојдовме. А тоа е да освоиме уште некој трофеј, или можеби два, и да стигнеме што е можно подалеку во Европската лига, бидејќи имаме добра шанса за тоа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот