„Баба Марта“ има уште изненадувања: Синоптичарите прогнозираат како ќе биде времето од понеделнил

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, во понеделник на повеќе места во Македонија времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер.

Според прогнозата на УХМР, кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе почне да дува засилен северен ветер, што ќе услови на планините и на некои повисоки места врнежите да преминат во слаб снег.

-Во вторник ќе биде ветровито и студено со значително пониски температури. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневните температури, прогнозираат синоптичарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот