Азербејџан и Ерменија постигнаа договор за прекин на огнот со посредство на Русија

Нагорно-Карабах / 28 септември 2020 / Фото: ЕPA-EFE / HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Москва посредувала во преговорите за прекин на огнот помеѓу Азербејџан и Ерменија.

Се надеваме дека договорот постигнат по руското посредување за прекин на огнот од девет часот по московско време ќе биде целосно испочитуван, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Исто така се посочува дека Русија е „исклучително загрижена поради влошувањето на ситуацијата” на ерменско-азербејџанската граница и ги повика „страните да се воздржат од каква било ескалација”.

ВИДЕО: Се пука вдолж границата меѓу Азербејџан и Ерменија во регионот Нагорно-Карабах

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот