Автентичното толкување за помилувањето на собраниска седница

Собранието денеска ќе ја одржи 123. седница на која на дневен ред се 57 точки, а како последна е Барањето за давање автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување, поднесено од пратениците Сашко Костов и Диме Велковски.

Во предложениот дневен ред објавен на веб-страницата на Собранието не е ставен изборот на главен ревизор ниту, пак, избор на останатите директори и заменици на државни агенции и дирекции, кои во петокот беа предложени на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Постои можност дневниот ред на седницата да биде дополнет на самиот почеток. Доколку нивниот избор не биде на денешната седница, тогаш, како што најавуваат од Парламентот, тоа ќе биде направено на седницата што е планирана за 23 декември.

На дневен ред на оваа седница се и неколку ратификации и закони во прво и во второ читање, како и закони по скратена постапка. Дел од законските предлози се усогласување со новиот Законот за прекршоци, односно намалување на глобите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот