Австрискиот канцелар Нехамер позитивен на ковид-19

Карл Нехамер / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Австрискиот канцелар Карл Нехамер е позитивен на коронавирусот, соопшти кабинетот на канцеларот, пренесува Политико.

Канцеларот е во самоизолација и нема никакви симптоми, додаваат тие.

„Нема причина за грижа, се чувствувам добро“, соопштија Нехамер.

Инфекцијата очигледно се случила во средата навечер за време на контакт со член на неговото обезбедување, кој добил позитивен тест за коронавирус во четвртокот, додаде кабинетот на канцеларот.

Вакциниран со три дози

Нехамер, кој е трипати вакциниран, во наредните денови ќе ја врши работата од дома преку видео и телефонски конференции.

Неговата сопруга и децата се негативни на тестовите.

Вчера канцеларот најави нови мерки за спречување на ширењето на пандемијата и зборуваше за задолжителните планови за вакцинација од следниот месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот