Австрија забрани слетување на авиони од Западен Балкан

Авион / Фото: Архива

Со цел намалување на ширењето на пандемијата на коронавирус, Австрија го прошири списокот на земји за кои важи забраната за слетување на австриските аеродроми на сите земји од Западен Балкан.

Новата уредба на Министерството за здравство го прошири списокот од осум на 18 земји.

Од четврток авионите од сите земји од Западен Балкан, Бугарија, Романија, Молдавија и Египет веќе нема да можат да слетуваат на австриските аеродроми.

Претходно, веќе беше на сила забраната за летови од Белорусија, Кина, Велика Британија, Иран, Португалија, Русија, Шведска и Украина.

До крајот на јули ќе бидат откажани летовите до и од Белград, Букурешт, Каиро, Подгорица, Сараево, Сибиу, Скопје, Софија, Тирана и Варна.

Според уредбата, постојат исклучоци, но ова вклучува само „летови во интерес на Австрија”, како и слетување на карго-авиони, авиони што пренесуваат болни лица или ги враќаат австриските државјани, односно превезуваат медицински лица, како и работници за помош во земјоделството. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот