Австралија во борба со новиот бран на ковид-19, Сиднеј во карантин

Викторија, Австралија / 15 октовмри 2020 / Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS NO ARCHIVING AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Австралија се бори со неколку групи на инфекции со делта коронавирус, кој е позаразен, па експертите предупредуваат дека земјата е во најопасната фаза од избувнувањето на пандемијата. Воведена е блокада во Сиднеј, како и во Дарвин на исток од земјата, маските се задолжителни повторно во Перт и можно е да се воведат строги мерки откако пред повеќе од една недела беше прогласен за позитивен тест на граѓанин кој престојуваше во Сиднеј.

Јужна Австралија најави воведување нови ограничувања од утре.

Австралија досега беше многу поуспешна од другите развиени земји во спречувањето на ширењето на коронавирусот, забележувајќи помалку од 31 000 случаи и 910 смртни случаи.

Вирусот Делта го алармираше здравствените власти, особено во ситуација кога само пет проценти од населението е целосно вакцинирано.

Властите предупредија дека двонеделното заклучување во Сиднеј, кое започна во петокот, нема да ја намали стапката на инфекција.

Советникот за здравствена политика рече дека владата треба да размисли за забрзување на вакцинацијата со скратување на периодот помеѓу првата и втората доза на вакцината од 12 на 8 недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот