АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА отвара нов посебен простор за тестирање за Ковид-19

„Авицена лабораторија“ стави во функција комплетно нов, посебен простор за земање примероци за тест за ковид-19, со цел подобрување на здравствените услуги и квалитетна грижа за здравјето на граѓаните.

Овој простор за прием на пациенти и земање примероци за тест за ковид-19 е целосно физички одвоен од постојниот влез на лабораторијата и од постојната чекалница.

Истовремено, трикратно се зголемува и капацитетот за изработка на тестови за ковид-19 на дневно ниво, бидејќи лабораторијата е во фаза на инсталација на дополнителна високософистицирана опрема за целосна автоматска изработка на Real-time PCR тестови. На овој начин ќе се намали и времето за закажување тестирање и за добивање резултат.

Сите редовни пациенти ќе се примаат преку ВЛЕЗ 1 – досегашниот постоен влез на лабораторијата. Просторот за прием и чекалницата се реновирани и повторно преуредени за сите клиенти и пациенти, за сите видови лабораториски услуги и во овој дел нема да се врши прием на пациенти за тест за ковид-19.

Приемот на пациенти за тест за ковид-19 ќе се одвива во новиот одвоен дел преку ВЛЕЗ 2, кој се наоѓа веднаш до влезот на хотелот „ТЦЦ Гранд Плаза“, ориентиран кон бул. „8 Септември“.

Закажувањето за тест за ковид-19 се врши на тел. 071/278-529 или 078/218-731.

Како приватна здравствена установа, „Авицена лабораторија“ уште од самиот почеток презема одговорност пред граѓаните и општеството, и активно се вклучи во борбата против оваа пандемија. Тимот на „Авицена лабораторија“ се обврза активно да ги стави на располагање сите ресурси, искуство и знаење, со цел подобро справување со ситуацијата и постојана достапност за потребите на клиентите, во насока на подобрување на здравствените услуги за сите граѓани.


Koмерцијален текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот