Аудио-визуелната инсталација „Мелек“ од Адем Салиу е поставена во КИЦ

Во Културно-информативниот центар – Скопје, во салон „Империјал 2“, од 17 ноември е изложена аудио-визуелна инсталација на слики од Адем Салиу, насловена „Мелек“.

– Како уметник, мојата креативност ја посветувам на дигитална уметност. Како уметник моите уметнички дела ги креирам исклучиво користејќи софтвери на дигитална платформа, аудио и виртуелна слика со вештачка интелигенција – изразена преку видео. Во денешната сѐ повеќе растечка култура на технологијата, нови и експериментални уметнички форми сѐ повеќе се користат за создавање на аудио-визуелна инсталација.

Темата на моите проекти се севкупни лични искуства, збирка на истражувања, анализи приложено во аудио-визуелниот материјал. Овие проекти се анализи на менталната конфузија – реалност на растројствата на личноста. Дисоцијативните симптоми се однесуваат на тенденцијата за фантазија.

Теоретските студии фокусирани на истражување на овие наоди сугерираат дека луѓето кои страдаат од овие нарушувања може да бидат склони кон мешање на содржината на нивниот сон со искуства во свесниот свет. Многу луѓе страдаат од ментално десинхронизација, вклучувајќи проблеми со тестирање на реалноста, кои се граничат со ментална болест – истакнува авторот Адем Салиу.

Изложбата ќе биде отворена до 28 ноември 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот