Атанасоски: Избори до крајот на годината може да се очекува ако се’ уште не биде тргнато бугарското вето

Благојче Атанасоски, Фото: Принтскрин - Утрински брифинг

Опозицијата после локалните избори и големата победа која ја остварија на овие избори им се брза и за општи избори, бидејќи сметаат да го фатат моментумот и да ја освојат централната власт, смета политикологот Благојче Атанасоски, коментирајќи го барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори.

– Очигледно на опозицијата после локалните избори и големата победа која ја остварија на овие избори им се брза и за општи избори, бидејќи сметаат да го фатат моментумот и да ја освојат централната власт. Многумина тоа го протолкувааат како страв на опозицијата дека после две и пол години од сега на редовните избори, може да се соочат со незадоволство од политиките на нивните градоначалници на локално ниво, бидејќи сепак, генерално резултатите во локалната политика, ќе бидат на „товар“ на актуелната опозиција. Малите партии пак, од друга страна исто така го имаат начекано политичкиот моментум, за да го испорачаат нивното барање за една изборна единица без изборен праг, условувајќи го со нивно учество во власта, бидејќи се клучни за оваа власт да опстане. Избори до крајот на годината може да се очекува ако се’ уште не биде тргнато ветото од страна на Бугарија, и се’ уште сме блокирани на евроинтегрирачкиот пат, бидејќи тоа е клучното внатрешно политичко, но и надворешно политичко прашање кое може да ги предизвика истите, односно да ја наектрелизира атмосферата на политичката сцена со негативен полнеж и да ги предизвика изборите, изјави Атанасоски за „Слободен печат“.

Инаку, додава тој, работа на опозицијата е да си повторува како папагал и да бара избори, а на власта да испорача резултати, доколку го има потребното парламентарно мнозинство.

-Ова не го гледам како политичка криза, особено што владата е штотуку формирана и е започнат нејзиниот мандат, дури сме и рано од изминување на првите сто дена, кои џентлменски и се даваат како рок во кој може политички да дише, потенцира Атанасоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот