Астролозите предупредуваат: Овие два дена во септември се проблематични за повеќето хороскопски знаци

Фото: Профимедиа

Секој месец постојат барем неколку денови кога положбата на планетите им носи неволји на хороскопските знаци.

Меѓутоа, во септември позицијата ќе бидат само два дена кога планетите ќе донесат тешкотии и проблеми.

Астролозите советуваат да обрнете внимание!

10 септември – започнува ретроградното движење на Меркур

Сè додека Меркур се движи во спротивната насока, нè очекуваат разни неволји на полето на кариерата, бизнисот и финансиите. Тоа ќе трае до 2 октомври, но посебно внимание треба да обратите на денот кога ќе започне, 10 септември. Тогаш, најважно е да не ризикувате со парите, бидејќи сигурно ќе имате губитоци. Со оглед на тоа дека Меркур е планета на комуникациите, во следниот период можни се недоразбирања, ширење гласини и невистини. Верувајте им само на проверените факти. Астролозите не препорачуваат ниту тргнување на пат на 10 септември.

На овој ден ќе се случи уште еден негативен настан – полна Месечина во знакот Риби. Ова е многу неповолна ситуација која создава внатрешна нерамнотежа. На тој ден ќе биде многу тешко да работите и  да постигнете каков било договор.

26 септември – Меркур во конјункција со Венера

Вториот опасен ден ќе помине под закрила  на аспектот помеѓу Меркур и Венера. Кога овие две планети ќе се спојат, т.е. ќе се најдат на иста страна со Земјата, тоа ќе доведе до големи неволји во сите аспекти од животот. На тој ден многумина ќе ја изгубат желбата и волјата за работа, за напредок, за создавање. Големи се шансите да се развијат апатија и депресија.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот