Астон Вила претера, бара вистинско богатство за Грилиш

EPA-EFE/Richard Heathcote

Алчноста на премиерлигашот најверојанот ќе го натера капитенот и најдобар играч на Астон Вила да остане во Бирмингем и следната сезона, а причината за тоа е нереалното обесштетување.
Трансферот на Џек Грилиш неколку месеци наназад беше најавуван дека ќе биде најголем во Англија ова лето. Медиумите но и навивачите го видоа англискиот репрезентативец како нов член на Манчестер јунајтед или евентуално на Манчестер сити, но тоа нема да се случи доколку апетитите на челниците на Астон Вила.

Но, фудбалерот кој изминатата сезона постигна седум гола и имаше 12 асистенции, во овие моменти Грилиш е прескап и за најбогатите клубови.
Челниците на Астон Вила сметајќи дека за нивниот фубалер се интересираат најбогатите екипи, одредија нереално обесштетување, посебно во време на финансиска криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Сумата која тимот од Бирмингем ја бара изнесува неверојатни 130 милиони фунти, или околу 150 милиони евра.
Наводно Јунајтед е подготвен да издвои највеќе 100 милиони евра, но нема шанси да ја плати бараната сума.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот