АСАНЖ ВО ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ: Шведското обвинителство повторно го отвори случајот за силување

Шведското обвинителство денеска одлучи дека повторно ќе ја отвори прелиминарната истрага за силување против основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, која беше прекината во 2017 година.

Заменичката на главниот обвинител, Ева Мари Персон соопшти дека откако Асанж ја напуштил Амбасадата на Еквадор, може повторно да се продолжи со истрагата.

Одлуката на Персон беше објавена откако адвокатката Елизабет Маси Фриц, која застапува жена која тврди дека е силувана од Асанж за време на посетата на Шведска во 2010 година, поднесе барање за повторно отворање на истрагата на 1 април. Асанж ги негираше обвинувањата.

Барањето беше поднесено истиот ден кога британската полиција го уапси Асанж од Амбасадата на Еквадор во Лондон.

Австралискиот државјанин помина седум години во Амбасадата на Еквадор за да избегне апсење и екстрадиција во Шведска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот