„АС“ тврди: Димитриевски потпишал договор со Валенсија

Фото: EPA-EFE/VLASTIMIL VACEK

Реномираниот шпански весник „АС“ тврди дека македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски веќе потпишал преддоговор со Валенсија и следната сезона треба да брани за овој тим.

Споменатот весник најавува дека трансферот официјално ќе биде потврден по истекот на договорот кој го има со Рајо Ваљекано до јуни 2024 година. Неодамна Димитриевски изјави дека води преговори со Рајо за нов договор, но и потенцираше дека останувањето не зависи само од него.

Валенсија од друга страна има намера да го продаде Грузиецот Мамардашвили за околу 30 милиони евра и на негово место да го доведе Димитриевски без оштета со што би се покрил „минусот“.

Останува да видиме и времето да покаже дали овие информации на „АС“ ќе се покажат како точни. Претходно кога се шпанските клубови во прашање, Димитриевски се поврзуваше со Севиља и Валенсија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот