„Артконект“ го објави преводот на романот „Заробеништво“ од Ѓерѓ Шпиро

Насловна корица на книгата

Романот „Заробеништво“ од Ѓерѓ Шпиро е објавен како дел од проектот „Пораки на надеж: инспиративна европска литература“ на издавачката куќа „Артконект“, поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Во романот, еден млад Евреин по име Ури ќе се најде вплеткан во низа неочекувани настани кои ќе го променат текот на историјата на неговиот народ. Иако Ури е болезлив и се интересира само за книги, ќе биде принуден да го напушти својот дом и да тргне на патување во Ерусалим и во Александрија, кое целосно ќе го пресврти неговиот живот.

„Заробеништво“ е прекрасен спој од историски и авантуристички роман кој вешто ги доловува психолошките длабочини на главниот лик. Преводот на македонски јазик е на Златко Панзов.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 178, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 13-14.5.2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот