Артета: И да го победиме Сити, нема да се реши трката за титулата

фото: EPA-EFE/NEIL HALL

В среда на стадионот „Етихад“ од 21.00 часот ќе се игра дербито од 33 коло во Премиер лигата помеѓу Манчестер сити и Арсенал. Овој натпревар би можел да го даде одговорот на прашањето околу новиот шампион сезонава. Играчите на Микел Артета имаат само пет бода предност во однос на „граѓаните“, но и два меча повеќе.

– Дали ќе се одлучи сезоната на „Етихад“? Не. Верувањето постои, видов како моите играчи реагираа после ремито со Саутемптон (3:3). Ја сакаме титулата и тоа ќе го покажеме утре. Мораме да имаме права реакција во прав момент, да бидеме перфектни на секоја секоја топка – рече Артета на прес конференцијата.

Арсенал последен пат ја освои Премиер лигата во 2004 година, а шпанскиот менаџер смета дека ниту победа во дербито нема да го реши прашањето околу титулата.

– Доколку победиме утре, не сме ја освоиле Премиер лигата. Процентот веројатно ќе се промени во наша корист, но ќе останат уште пет натпревари во оваа лига, така што ништо нема да биде сигурно. Од почетокот на сезоната знаевме дека Сити и Ливерпул се тимовите што треба да се победат во маратонската трка. Што се однесува до здравствениот билтен, Салиба не е подготвен, а Џака е неизвесен – вели Артета.

Доколку се суди според резултатите, Сити е апсолутен фаворит бидејќи го победи Арсенал во последните 11 натпревари во Премиер лигата. „Топчиите“ последен пат освоија бод на 4 февруари 2017 година (2:2). Ги победија „Граѓаните“ во 2020 година во ФА Купот на Англија (2:0), но од тој меч, Сити до денес има седум последователни победи над Арсенал. Во последните 18 дуели во сите натпреварувања, Сити победи 15 пати, со едно реми, а двапати беа подобри ривалите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот