Арсовски: СДСМ може да добие осуммина пратеници, а да загуби исто толку

Фото: Телма / принтскрин

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски вели дека Социјалдемократскиот сојуз ја гледа реконструкцијата на владата низ две призми – едната е стабилизација и зголемување на функционалноста на парламентарното мнозинство и втората е некакво окрупнување на пратениците, како меѓучекор или како зголемување на притисокот кон останатите партии во Собранието за уставните измени.

Тој во „Топ тема“ на „Телма“ ја коментираше реконструкција излезот на Алтернатива од власт и влегувањето на Алијанса за Албанците во владејачкото мнозинство.

„Ваквото окрупнување има и трета призма, но прво да се задржиме на овие две. Во смисла на „европска коалиција“ нема големи промени и не верувам дека некоја од албанските партии би гласала против уставните измени или не би ги поддржала. Најголем дел од албанските партии имаат декларативна, па и суштинска определба за поддршка на уставните измени. И во таа смисла, оваа пермутација не менува многу“, вели Арсовски.

Во смисла на зголемување на парламентарното мнозинство, додава Арсовски, ставот на СДСМ на почетокот бил да не излезат партии, да не се ситни мнозинството.

„Овие случки во Собранието вчера и денеска малку ја расипуваат таа математика, па есапот на крај може да излезе егал, условно речено, односно да добијат осум, а да изгубат пет-шест-седум, можеби и осум пратеници. И не знам како ќе функционира тоа. Ќе треба да видиме“, смета Арсовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот