Арсовска: Немој да се криеш Мицкоски, дојди тука кажи ми што имаш!

Данела Арсовска, Христијан Мицковски / Фото: Слободен печат, ЕПА / Колаж: Слободен печат.
Данела Арсовска, Христијан Мицковски / Фото: Слободен печат, ЕПА / Колаж: Слободен печат.

Жестока расправија меѓу градоначалничката Данела Арсовска и советникот Луке Галевски имаше денеска на самиот почеток на седницата на Советот наменета за советнички прашања.

 Советниче, кога лажете и мавтате со документи ви се тресе рачето. Смалете „доживљај“. Кај е шпицниот градоначалник Мицкоски, се крие некаде? До вчера ви бев најдобар градоначалник, ама кога ви го фатив директорчето со рачето во медот сега не чинам. Јас ќе продолжам да работам како досега, ама Мицкоски од тендер – матрицата нема да излезе – рече Арсовска од говорница на денешната седница.

Ова следуваше наместо одговор на прашањата на советникот од ВМРО-ДПМНЕ , Луке Галевски кој ја праша Арсовска дали има поврзаност со Аркан Керим, чија компанија од Турција исто така учествувала на тендерот за прочистителна станица со 20 милиони евра пониска понуда, за којуа во медиумите се дознало пред отворањето на понудите.

Мицкоски за Арсовска: Кога не се исполнуваат очекувањата, патиштата може да се разминат

Галевски, посочувајќи дека градоначалничката со допис пред месец и половина побарала промена на членовите на Комисијата за евалуација на понудите, ја запраша зошто ако толку долго се сомневала не го известила Советот. Притоа тој посочи дека антидатирање на документи е кривично дело.

Наместо одговор следуваше нервозниот настап на Арсовска.

 Немој да се закануваш Мицкоски, немој да се криеш, дојди тука кажи ми што имаш! – извика градоначалничката од говорницата.

Потоа претседателот на Советот, Трајко Славески даде куса пауза за да се смири ситуацијата.

Арсовска „подзачисти“ меѓу соработниците, ВМРО-ДПМНЕ најави „развод“?

Арсовска: Одамна немам контакт со Мицкоски, нема да дозволам политичко влијание во Град Скопје

Славески: Арсовска е нервозна, ѝ треба одмор

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска е во паника, антидатирањето бројчиња во архива е кривично дело

Дудуш: Арсовска ми рече дека може да комуницираме преку службениот мејл на Град Скопје

Арсовска да размисли за поднесување оставка, вели Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот